Капитенот на Англија, Хари Кејн имаше само пофални зборови за Џуд Белингем. Ова дуо беше најзаслужно за пласманот во четвртфиналето, со пресврт против Словачка (2-1).
Посебно убав гол имаше Белингем, во петтата минута од судиското надополнување кога со удар со ножички успеа да ја спаси својата земја од срамна елиминација.
„Џуд Белингем е најдобриот во историјата на нашата земја. Тој работи толку напорно.Во ова натпреварување треба да се најде начин да се победи. Овој тим знае како да „победува“. Можевме да одиграме подобро. Но на крајот на денот резултатот е најважен. Се надевам дека ќе продолжиме вака“, изјави Кејн.
Во четвртфиналето Англија ќе игра против Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА