Баерн Минхен рутински стигна до победа на дуелот со Мајнц, но Хари Кејн разочаран го напушти стадионот. Причина – жолтиот картон што голгетерот го доби од судијата Бастијан Данкерт, што ќе значи и суспензија на најдобриот стрелец на Баерн за дуелот со Лајпциг следната рунда.
„Пред се, мислам дека тоа беше лука одлука, никогаш не е за жолт картон. За жал, некои луѓе доаѓаат на стадион, особено на „Алијанц Арена“, за да се прослават, и тоа на сосема погрешен начин. Знаев дека имам четири жолти картони сезонава, знаев дека петти ќе значи суспензија, затоа и бев многу нервозен кога видов што се случи“, изјави Кејн.
Англичанецот долго време важеше за најмалерозен фудбалер во историјата ако се знае дека се уште е без освоен трофеј во кариерата. Тој пост би требало конечно да биде прекинат следниот викенд со Лајпциг, а Кејн нема да може да биде на теренот…
„Секако дека ми е жал што нема да играм во Лајпциг. Сепак, не грижете се, на крајот ќе се радуваме повеќе од сите останати“, порача Хари Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА