Англија се пласираше во четвртфиналето од Светското првенство во Катар откако славеше против Сенегал со убедливи 3-0. До победа „Гордиот Албион“ го предводеа Хендерсон и Кејн со голови во првото и Сака кој ја затресе мрежата во вториот дел.
Задоволството од пласманот меѓу најдобрите осум репрезентации не го криеше Хари Кејн кој сепак знае дека следи тежок натпревар против Франција.
„Како напаѓач едно од најдобрите чувства кои можете да ги доживеете во фудбалот е постигнувањето на голови. Среќен сум што „отворив сметка“ и и помогнав на соиграчите во победа. Успеавме да погодиме од различни ситуации што е важно за тоа што следи. Мислам дека ова не беше лесен меч, поготово беше тешко во првите половина час, но ни помогна првиот гол бидејќи по него бевме немилосрдни во пресингот. Против Франција во четвртфиналето ќе биде тешко, тоа е актуелниот шампион, но на Светското првенство морате да играте против најдобрите на светот. Треба да имаме ист пристап доколку сакаме победа“, изјави Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА