„Кејн би бил одлична опција за Ливерпул“

Легендата Алан Ширер ги коментираше гласините дека напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн летово би можел да се врати во Премиерлигата. Една од главните причини за тоа би била желбата на напаѓачот да го подобри неславниот рекорд на Ширер за најмногу голови во Премиер лигата – 260.

Хари Кејн досега има 213 гола во Премиер лигата и најлесно би можел да го подобри рекордот со тимот на Ливерпул, смета поранешниот напаѓач на Њукасл.

„Ливерпул ќе бара центарфор на лето и нема сомнение дека Хари Кејн би бил одлична опција за нив поради големината на клубот и затоа што сигурно ќе постигне многу голови. Секогаш сум велел дека ако се врати во Премиер лигата, Кејн има многу, многу добри шанси да го собори мојот рекорд. Јас сум негов голем обожавател“, рече Ширер.

„Билд“ неодамна откри дека Кејн имал можност да ја активира клаузулата во зима која би му овозможила да замине за 67 милиони фунти на крајот од сезоната. Сепак, 31-годишниот напаѓач не го стори тоа. Следниот јануари ќе може да активира клаузула за уште пониска ослободителна клаузула чија сума ќе изнесува 54 милиони фунти. Ќе важи за летото 2026 година.

Се вчитува...