Раководството на Тотенхем ќе му понуди на Хари Кејн нов договор, и при тоа ќе го направи најплатениот Англичанец во Премиер – лигата. Имено, Кејн по потпишувањето ќе заработува 200.000 фунти неделно, или поточно 9.6 милиони фунти годишно, додека договорот треба да важи до јуни 2022 година. Доколку најдобриот стрелец во Англија се согласи да ја продолжи соработката, ќе застане пред Рахим Стерлинг како најплатен англиски фудбалер во лигата, кој моментално во Сити заработува 180.000 фунти неделно.
Сепак, управата на „петлите“ пред се се надева дека со овој договор ќе го тргне Кејн од рацете на Реал Мадрид, односно ќе ја задржи етикетата на играчот – „Не е на продажба“. Наводно, Флорентино Перез подготвува мега – понуда за 24-годишниот голгетер за која смета дека ќе биде доволна за Тотенхем да попушти, а изнесува 150 милиони евра и Герет Бејл во пакет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА