Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн постави сериозни предизвици пред Гордиот Албион при првиот собир на избраниците на Герет Саутгејт. Кејн смета дека англиската репрезентација треба да се насочи кон тирумф на претстојното Светско фудбалско првенство во Русија.
„Тоа што имаме млад состав, воошто не треба да биде изговор, напротив, тоа може да биде и добра работа. Јас верувам дека можеме да го освоиме пехарот и тоа е она што треба да се обидеме да го направиме. Се помалку од тоа, ќе биде едноставно недоволно“ – вели Кејн.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, реши за настапот на Мундајот во Русија да избере повеќе млади играчи кои ги искомбинира со неколкумина поискусни кои што ќе треба да го водат тимот.
„Ние сигурно нема да бидеме меѓу фаворитите за злато. Но, можеме да го земеме Ливерпул за пример и мотив. Никој не очекуваше овој клуб да биде во финалето од Лигата на Шампионите. Сонот да се крене пехарот го имаме сите. Треба да направиме се за тоа да се оствари“ – порача капитенот.
Англиската фудбалска репрезентација на Светското првнество Русија е во група со селекциите на Белгија, Тунис и на Панама. Првиот натпревар ќе го одигра проти Тунис на 18 јуни во Волгоград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА