Кејн: Дојдов во Баерн за да освојувам трофеи

Иако вчера го имаше официјалното деби во дресот на Баерн Минхен, дури денеска Хари Кејн беше промовиран пред медиумите како нов играч на „Баварците“.

Кејн имаше неславно деби, со пораз во Супер-Купот од Лајпциг и загубен трофеј уште на првиот меч, но кажа дека поради трофеите го одбрал Баерн.

„Секогаш сум сакал да се натпреварувам на највисоко ниво. Сакам да играм во Лигата на шампионите и секоја сезона да се борам за трофеи. Тоа е причината зошто дојдов во Баерн Минхен, еден од најголемите клубови во светот, за да имам шанса да го сторам тоа“, рече Кејн.

Се вчитува...