Кејн е најдобар напаѓач во светот за 2026 година

Хари Кејн е добитник на наградата „Герд Милер“ за најдобар напаѓач во 2026 година на вечерашната гала вечера на доделување на „Златната топка“.

Во исчекување на главната награда, Кејн го доби признанието за најдобар напаѓач, по низата неверојатни партии и постигнати погодоци во дресот на Баерн Минхен, но и на англиската репрезентација.

„Ова беше неверојатна година за мене, постигнав толку многу голови, најдобра сезона во кариерата, но немаше да биде возможна без моите соиграчи во Баерн и во англиската репрезентација. Тука се и тренерите, Тухел и Компани, кои ми помагаат да напредувам се повеќе и повеќе со секој тренинг, со секој натпревар“, изајви Кејн.

Наградата за најдобар напаѓач во женска конкуренција заврши во неочекувани раце, откако со неа се закити искусната 35-годишна Мексиканка Шарлин Коран, која настапува во својата татковина во дресот на Пачука.

Се вчитува...