Англискиот фудбалер Хари Кејн на 31-годишна возраст го освои првиот трофеј во кариерата. Со својот Баерн Минхен тој официјално стана шампион на Бундеслигата и тоа на две кола пред крајот на шампионатот.
Кејн бурно го прослави трофејот кој го чекаше повеќе од една деценија, а потоа и се огласи на социјалните мрежи каде напиша „Фантастично е чувството да освоиш титула, прва во мојата кариера“.
По долгогодишната голгота со Тотенхем, Кејн реализираше трансфер во Баерн Минхен во 2023 година, но не успеа да се израдува на трофеј со германскиот гигант во првата сезона на „Алијанц Арена“ кога сензацијата на сезоната, Баер Леверкузен ја прекина низата од неверојатни 11 последователни трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

