Кејн ги урива бариерите во Бундес-лигата

Хари Кејн продолжи со извонредните настапи во дресот на Баерн, предводејќи го баварскиот гигант до триумф над Сент Паули, но и остварувајќи фантастично лично достигнување.

Имено, новиот прволигаш Сент Паули беше единствениот германски клуб против кого Кејн имаше играно, а на првиот дуел не успеа да се запише меѓу стрелците. Со голот во првото полувреме на „Алијанц Арена“ англискиот ас ја исправи и оваа „неправда“, па Кејн сега најмалку по еден гол против секој од 19-те германски прволигаши со кои се има сретнато во дресот на Баерн.

Она што е уште поимпресивно, Кејн како член на Тотенхем беше стрелец и против сите англиски премиерлигаши со кои се имаше сретнато во кариерата, вкупно 32 различни клубови од елитното англиско фудбалско друштво.

Се вчитува...