Баерн Минхен, конечно, дојде малку до насмевки и радости, откако денеска на свој терен го совлада тимот на Лајпциг со 2-1.
Во меч со многу шанси, „Баварците“ мораа дури во финишот да дојдат до трите бода, а херој за Баерн беше Хари Кејн.
Кејн во 56. минута на асистенција на Мусиала донесе предност. Но, Шешко во 70. минута успеа да погоди со малку среќа, а претходно Словенецот имаше „зицер“ кој го одбрани Нојер.
И кога се чинеше дека Лајпциг има контрола, Хари Кејн во 91. минута од средбата донесе ново водство, и победа за Баерн, победа со која и натаму тимот од Минхен е „жив“ во битката за титулата и трката со Баер Леверкузен.
Елмас ги доби последните минути од сребата, откако влезе во 87. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА