Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн со водечкиот гол за неговата екипа против Саутемптон го собори рекордот на Алан Ширер за голови во една календарска година во Премиер – лигата. Голгетерот на „петлите“ го постигна својот 37. погодок во 2017 година во првенството, по петнаесетина минути стигна и 38. гол, и сега има два повеќе од екс-напаѓачот на Њукасл.
Кејн исто така се изедначи со Лионел Меси со првиот гол по бројот на голови во 2017 година, додека со погодокот за 2-0 Англичанецот застана пред најдобиот играч на Барса. Сега Кејн има 55 гола, Меси 54, но на „10ката“ на Тотенхем му беа потребни 52 натпревари да стигне до оваа бројка, додека Меси одигра 12 натпревари повеќе за да постигне 54 гола.
https://twitter.com/SpursOfficial/status/945638242946371584http://www.dailymotion.com/video/x6c8y7uhttp://www.dailymotion.com/video/x6c8yx7
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА