Хари Кејн ја потврди својата голгетерска класа постигнувајќи го првиот од двата погодоци на Тотенхем при големиот камбек на „спарси“ на гостувањето против Јувентус. Англискиот репрезентативец по мечот не го криеше задоволството од покажаниот карактер на својот тим, на гостувањето против еден европски гигант.
„По десет минути бевме во негатива од 2-0. Некој ќе се предадеше… ние не го сторивме тоа, туку постигнавме два гола. Тоа е најдобар доказ за карактерот на оваа екипа, која се враќа дома со два огромни погодоци, пред реваншот на „Вембли“. Јас требаше да дадам гол и при првиот обид со глава, но знаев дека ќе ми се укаже и нова шанса. Деле Али одлично ми асистираше и успеав да ја сместам топката во мрежата“ – изјави Хари Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА