Кејн и Сон запишаа нов рекорд во Премиер-лигата

Фудбалерите на Тотенхем остварија убедлива победа од 4-0 на гостувањето кај Лидс во 27. коло од Премиер лигата. „Петлите“ постигнаа три гола во првиот половина час и уште тогаш „ја завршија работата“.

Избраниците на Антонио Конте на вистински начин реагираа по поразот од Барнли пред само неколку дена.

Во 84. минута Хјеон Мин Сон го постигна својот 10-ти гол во Премиер-лигата оваа сезона. Кореецот погоди по асистенцијата на Кејн. Ова е 37-ми гол на кој учествуваа двајцата и со тоа поставија рекорд во Премиер лигата.

Инаку, по оваа победа на Тотенхем, тимот од Лондон е седми на табелата со 42 бода. Следниот натпревар за Конте и неговите фудбалери ќе биде против Евертон.

 

 

 

Се вчитува...