Кејн испиша историја – најдобар стрелец на Тотенхем на сите времиња

Хари Кејн го постигна водечкиот гол за Тотенхем на големото дерби со Манчестер Сити, дуел што ќе остане запишан во историјата бидејќи со овој погодок Кејн стана најдобар стреелец во историјата на лондонскиот премиерлигаш.

Англискиот репрезентативец во пресрет на денешниот дуел беше израмнет со легендарниот Џими Гривс со по 266 погодоци во дресот на Тотенхем, севкупно во сите натпреварувања во дресот на „спарси“.

Кејн одлично се снајде по една загубена топка на „граѓаните“, мајсторски стрелајќи во мрежата на Едерсон за еурофично славје меѓу фановите на Тотенхем. Воедно, Хари Кејн стана само трет фудбалер во историјата со 200 постигнати гола во Премиерлигата, по Алан Ширер и Вејн Руни.

Голот за историја на Хари Кејн можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...