Кејн: Какво лудило, никогаш нема да го заборавам овој натпревар

Лестер и Тотенхем вчеравечер приредија вистинско шоу на стадионот „Кинд Пауер“. Домаќините ја имаа победата во свои раце се до петата минута од судиското продолжение, а во него за две минути гостите од Лондон успеаја да направат целосен пресврт.

Херојот на „петлите“ беше Стивен Бергвајн кој во игра влезе во 79. минута, во 94. минута доби жолт картон, а во 95. и 97. минута донесе победа за својот тим.

По неверојатниот натпревар импресиите не ги криеше капитенот Хари Кејн кој вели дека неговиот тим заслужи победа, а лудиот меч никогаш нема да го заборави.

„Каков ролеркостер на емоции, какво лудило. Мислам дека заслуживме победа, бевме подобриот тим. Бев разочаран кога поведоа со 2-1, но ние не се откажавме и со два гола во продолжението славевме. Овој натпревар никогаш нема да го заборавам“, изјави Кејн.

Се вчитува...