Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, одговори на прашањето дали Хари Кејн ќе може да игра на првиот натпревар против Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Англискиот напаѓач го пропушти натпреварот против Фрајбург во 28-то коло од Бундеслигата (3:2) – откако заработи повреда на зглобот за време на тренингот на репрезентацијата на Англија.
„Мислам дека би играл дури и во инвалидска количка. Дури и ако сè уште има болки, ќе се влече на теренот“, рече Кимих.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Баерн ќе биде на 7. април во 21:00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

