Кејн: „Мојот најголем сон е да ги освојам Лигата на шампионите и Светското првенство“

Англискиот репрезентативец и фудбалер на Баерн Минхен, Хари Кејн сонува за освојување на Лигата на шампионите и Светското првенство.

Англичанецот истакна задоволство од одличниот почеток на својот тим во Лигата на шампионите, и две победи од два меча.

„ Ја започнавме сезоната многу добро, но како што знаеме, има уште долг пат пред нас, со уште многу натпревари. Но, ние продолжуваме да го градиме ова единство, одржувајќи го моментумот со кој започнавме и излегуваме на теренот секоја минута со чувство дека можеме да победиме. Истото ќе биде и од сега па натаму. Се надеваме дека ќе продолжиме вака и во подоцнежните фази од турнирот“.

На прашање кој е неговиот најголем сон, одговори:

„О, мојот најголе сон е дефинитивно освојување на Лигата на шампионите и трофејот од Светското првенство. За таа цел трнирам напорно и работам, иако сум свесен дека таа цел не зависи само од мене. Моментално сум во клуб кој може да дојде до трофејот во ЛШ, а со Англија можеме да дојдеме до успех на Светското првенство“, рече Кејн.

Се вчитува...