Кејн: Можам да го достигнам рекордот на Левандовски од 41 гол

Голгетерот на Баерн Минхен, Хари Кејн проговори за можноста да го урне рекордот по бројот на постигнати голови во Бундеслигата во една сезона. Најдобриот резултат го држи Роберт Левандовски кој во сезоната 2020/21 постигна неверојатен 41 гол за една сезона.

Кејн смета дека тоа е можно да го стори оваа сезона, но дека за такво нешто ќе мора да ја задржи оваа форма до крајот  на сезоната.

„Мислам дека е можно, особено во оваа сезона со оглед на тоа како се одвива. Но, има долг пат пред мене. Треба да бидам на ова ниво и во следните 4-5 месеци. Најтешката работа во фудбалот е да се одржи константност на подолг временски период. Ќе биде тешко, тоа се неверојатни бројки, но секогаш е задоволство да се стремиме кон вакви достигнувања“, изјави Кејн кој досега има 18 голови на 14 меча.

Се вчитува...