„Кејн му е потполно посветен на Тотенхем“

Менаџерот на Тотенхем, Анже Постеколгу изјави дека Хари Кејн е целосно посветен на клубот, поради шпекулациите за иднината на капитенот на Англија.

29-годишниот напаѓач, чиј договор со Тотенхем истекува во јуни 2024 година, е на мета на Баерн Минхен, кој е во потрага по центарфор од светска класа по заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона.

Соочен со неизвесност околу иднината на Кејн како што се приближува новата сезона во Премиер-лигата, Постеколгу рече дека првите разговори со него биле позитивни.

„Јас и Хари целосно се согласуваме дека сакаме тимот да игра добро оваа година. Тој е тука и се додека е тука, тој е целосно посветен на она што го правиме“, изјави Постекоглу. 

Се вчитува...