Тотенхем и дефинитивно обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, со триумфот од 1-0 против Њукасл на домашен терен. Сега „спарси“ имаат 74 бода, и го искористија ремито на Челси за да побегнат на недостижни четири бода во пресрет на последното коло. Хари Кејн беше стрелец на единствениот гол за Тотенхем на овој меч во 50.минута од дуелот.
Манчестер сити го совлада Брајтон со 3-1. Данило, Бернардо Силва и Фернандињо беа стрелци на головите за „граѓаните“, додека Улоа погоди за Брајтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА