И покрај бројните шпекулации дека во јули го напушта Тотенхем, еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата, Хари Кејн по триумфот над Кристал Палас во кој беше стрелец вели дека и тоа како уште наоѓа мотиви да остане во клубот.
Тотенхем би можел следната сезона да игра во УЕФА Лигата на Конференции…
„Ни останаа уште три меча до крајот, голем дуел со Астон Вила следната недела. Ако после оваа сезона успееме да се пласираме во Европа, ќе биде тоа мала награда по една напорна сезона. Ќе се бориме во следните три меча да дојдеме до три победи“ – вели Кејн, и дополнува дека не брза околу одлуката за својата иднина.
„На крај од се, сакам да играм фудбал без разлика во кое натпреварување. Не можете да не го почитувате натпреварувањето во кое сте. Вреден би бил и трофејот во Лигата на конференциите ако сте во тоа натпреварување. Сепак, кога сте во клуб во кој 15 години не сте освоиле трофеј и имате шанса тоа да го направите, тоа е навистина прекрасна работа, затоа што така сите тие приказни може да ги завршиме на убав начин“ – вели Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

