„Кејн не е заинтересиран за Тотенхем, клупата е за него“

Екс-напаѓачот на Астон Вила и Англија, Габриел Агбонлахор го советуваше Тотенхем дека треба што е можно поскоро да го продаде Хари Кејн. Најдобриот играч на тимот од Лондон летово беше на мета на Манчестер Сити, но шефот на Тотенхем, Даниел Леви не сакаше да се откаже од услугите на Кејн.

Англискиот репрезентативец оваа сезона одигра девет натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол. Минатата сезона беше најдобар стрелец во Англија со 23 гола на 35 натпревари.

„Да бев во кожата на Пеп Гвардиола, Леви или сопственикот на Манчестер Сити, во јануари би преговарал за трансфер на Кејн за 100 милиони фунти. Да бев шеф на Тотенхем, ќе му се јавев на Гвардиола и ќе му реков: Сега можеме да преговараме, не ни требаат 150 милиони фунти, ајде да се договориме за сумата од 80 до 100 милиони. Само нека си оди … Кејн не е заинтересиран за Тотенхем, тој не сака да биде овде и да работи за тимот. Кога навивачите на Спарс го исвиркуваат еден од нивните најдобри играчи, знаете дека нешто не е во ред. Новиот тренер на Тотенхем треба да го стави на клупата“, заклучи Агбонлахор.

Се вчитува...