Капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, ќе оди на снимање на десното стопало пред натпреварот од групата Б против САД во петок, пишуваат медиумите во Британија.
Напаѓачот се повреди во 48. минута во првата средба на Мундијалот во Катар против Иран, а теренот го напушти во 78. минута. Кејн и во минатите месеци имаше проблем со зглобот, но денеска ќе се снима за да се види тежината на повредата.
Кејн постигна 51 гол во 76 настапи за Англија, и потребни му се уште два да го стигне Вејн Руни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА