Кејн одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

И покрај интересот од неколку клубови, Хари Кејн наскоро се очекува да го продолжи договорот со Тотенхем, пишува „Атлетик“. Според британскиот медиум, англискиот напаѓач ќе стави потпис на нов договор, и со тоа ќе продолжи да игра во лондонскиот клуб.

Неговиот договор со Тотенхем истекува во јуни 2024 година, а имаше шпекулации дека лондонскиот тим ќе сака да го продаде за да заработи нешто на него, и да не го загуби бесплатно.

Кејн наводно не сака да го напушти тимот, и бил подготвен да ја продолжи соработката. За Тотенхем досега тој има одигрнао 414 натпревари, и постигнато 265 гола.

Се вчитува...