Кејн: Освојувањето на трофејот во ЛШ е мојот животен сон

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хери Кејн сонува да ја освои Лигата на шампионите со Баерн Минхен. „Баварците“ во 1/4 финалето играат против Интер, а потоа ако поминат, во полуфиналето вкрстуваат со подобриот од дуелот Барселона – Борусија Дортмунд.

Кејн досега нема освоено клупска титула, се надева дека оваа година е вистинската, кога финалето се игра токму на Алијанц Арена во Минхен.

„Освојувањето на Лигата на шампионите е сон. Сонот на целиот мој живот. И оваа сезона имаме шанса да го направиме тоа, пред нашите навивачи. Мислам дека таквата победа би била уште поспецијална. Ни престојат уште многу натпревари. Најпрво два меча против Интер, затоа треба да бидеме подбготвени. Знаеме дека ако е наш ден, можеме да победиме секого. Имаме силен тим да направиме успех, но мораме да бидеме константни во сите мечеви. Знаејќи дека финалето се игра во Минхен, ни дава поголема мотивација“, рече голгетерот на Баерн.

Се вчитува...