Кејн: Ова е лудо, не сум видел ваква атмосфера на „Вембли“

Еуфорична е атмосферата во таборот на англиската репрезентација по триумфот од 2-1 над Хрватска, со кој „гордиот албион“ го освои првото место во групата и обезбеди учество на Ф4 турнирот од Лигата на Нации. Хари Кејн го прекина постот од седум натпревари без постигнат гол за Англија стрелајќи прецизно во самиот финиш, за тотална еуфорија меѓу домашните фанови на „Вембли“.

„Ова беше лудо, никогаш досега не сум видел ваква атмосфера на нашиот стадион. Сакавме сите да бидат горди, дадовме се од себе и затоа сега сите заедно уживаме и славиме. Покажавме карактер, не отстапивме од зацртаната тактика и додека губевме. Одлика на големите тимови е да не ги фаќа нервоза и кога се во негатива, ние останавме мирни и направивме пресврт. Моќно ја завршуваме оваа година, како потврда за големиот потенцијал што го поседуваме“ – истакна Кејн.

Се вчитува...