Кејн почна да руши рекорди во Баерн Минхен

Фудбалерите на Баерн Минхен во петтото коло во Бундеслигата го декласираа Бохум со дури 7-0 и запоседнаа со првото место на табелата во Бундеслигата. Хари Кејн, фудбалерот кој во Минхен беше донесен за 100 милиони евра од Тотенхем, постигна хет-трик, совладувајќи го голманот на Бохум во 12, 54 и 88 минута.

Така Англичанецот стигна до својот седми гол во петтиот натпревар, и стана клупски рекордер. Досега рекордот беше сопственост на Марио Манџукиќ, Герд Милер и Мирослав Клосе со по пет голови на пет натпревари.

Кејн го постигна првиот хет-трик во Германија, додека во англиската Премиерлигата ги оствари вкупно осум.

Се вчитува...