Баерн Минхен направи уште еден чекор напред кон титулата во Бундес-лигата откако баварскиот гигант вечерва славеше со 1-3 на гостувањето против Аугсбург. Хари Кејн беше во главна улога, најпрвин изнудувајќи црвен картон од Цесигер, а веднаш потоа и стрелајќи прецизно за водство од 1-2.
Аугсбург не знаеше за пораз на последните 11 бундеслигашки средби, а мечот почна одлично за домашниот тим кој преку Јанулис прв стигна до предност. Мусиала го постигна израмнувачкиот погодок, но овој фудбалер во второто полувреме ги загрижи баварците по заработената повреда на мускулот поради која мораше да биде заменет.
На сцена стапи Кејн, кој се најде на вистинско место и стрелаше прецизно со глава за 1-2, постигнувајќи го својот седми бундеслигашки погодок против Аугсбург, најмногу во однос на сите останати германски прволигаши со кои се има сретнато во овие две сезони. Точка на победата во судиското продолжение стави Лирој Сане.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА