Англија на последниот европски шампионат несреќно остана без големиот трофеј, но во таборот на „гордиот албион“ се убедени дека годинава имаат се што е неопходно за да се закитат со пехарот на ЕВРО 2024.
Капитенот Хари Кејн има зад себе извонредна голгетерска сезона во дресот на Баерн Минхен, а големиот ас е подготвен да ја предводи Англија на овој европски шампионат, не криејќи ја амбицијата да се стигне до големиот трофеј.
„Да се биде капитен на Англија е најголемата привилегија што можам да ја имам како играч, тоа навистина е посебно чувство. Чест ми е што по четврти пат ќе бидам капитен на едно големо натпреварување, имавме полуфинале, финале и четвртфинале, пас е андевам дека овојпат ќе стигнеме до крајот. Дојдовме во Германија за да го освоиме пехарот, тоа им е јасно на сите. Статусот на фаворит го обезбедивме со резултатите на претходните турнири. Јасно ни е дека нашата репрезентација никогаш не триумфирала на едно ЕП, тоа ќе биде мотив повеќе да испишеме историја. Знаеме дека ќе биде тешко, мора да се дава 100% во секој момент, бидејќи казната стигнува и ќе биде безмилосна. Јас искрено верувам дека оваа екипа што ја имаме е можеби најдобрата на сите времиња, со млади и талентирани играчи кои имаа зад себе извонредна сезона на клупски план. Тимскиот дух е извонреден, така што се создадени сите предуслови за да стигнеме до врвен резултат на овој европски шампионат“, изјави Хари Кејн.
Англија настапот на ЕВРО 2024 го почнува в недела навечер, кога „гордиот албион“ за противник ќе ја има селекцијата на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА