Кејн пред 13 години се сликаше со неа крај Бекам, сега заедно чекаат и второ дете

Хари Кејн летово ќе ја предводи Англија како капитен на СП 2018 во Русија, па уште поинтересна станува фотографијата од пред 13 години, на која сегашниот ас на Тотенхем се наоѓа крај големиот Дејвид Бекам, во тој период капитен на „Гордиот албион“.

Фотографијата е направена на отворањето на „Академија Дејвид Бекам“ во Лондон во 2005 година, а уште поинтересен е податокот дека девојката што се наоѓа крај Кејн на истата, Кејт Гудланд, сега е животна сопатничка на голгетерот на Тотенхем.

И Хари и Кејт биле дел од училиштето „Чингфорд“, каде како дете одел и Дејвид Бекам. Пред пет-шест години пријателството прераснало во сериозна врска. Во јануари 2017 година го добија и првото дете, ќерката Ајви, за пет месеци подоцна Кејн да ја побара Гудланд за своја сопруга.

Пред извесен период 24-годишниот Кејн откри дека тој и Кејт очекуваат уште една принова во семејството.

„Нашата прекрасна Ајви ќе стане поголема сестра. Возбудливи времиња доаѓаат“ – порача Хари Кејн.

 

Се вчитува...