Хари Кејн повторно остана без посакуваниот трофеј откако неговиот Баерн Минхен беше елиминиран во четвртфиналето од Интер. Англискиот голгетер мајсторски стрелаше на стартот од вториот дел носејќи му водство на Баерн, но падот во концентрацијата и двата примени гола за само неколку минути му пресудија на баварскиот гигант на овој двомеч.
Според Кејн, без оглед на големото разочарување најважно сепак ќе биде тимот што поскоро да се консолидира и да го освои пехарот во Бундес-лигата што лани го загуби од Баер Леверкузен.
„Дадовме се од себе за да се најдеме во полуфиналето. Игравме добар фудбал, создадовме доволно шанси за да стигнеме до посакуваната цел, но начинот на кој примивме два гола од прекин бешпе криминален. Целосно беше променета енергијата на теренот, Интер се врати во игра и на крајот стигна до полуфиналето. Кога си Баерн Минхен, нормално е да се очекува да стигнеш најмалку до полуфиналето во ЛШ, потоа и да играш финале и да се бориш за трофејот. За жал, не успеавме, фудбалот е спорт во кој решаваат моменти, Интер ги искористи своите моменти, а ние не успеавме. Тоа е фудбалот, но не смееме да дозволиме да ни ја уништи сезоната. Се уште е пред нас Бундес–лигата и титулата што сакаме да ја вратиме во Минхен. За неколку дена пред нас е нов меч, мораме да се опоравиме од ова разочарување и да се вратиме на победнички патеки“, истакна Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА