Кејн промашуваше зицери, па погоди во последен час

Тотенхем стигна до огромни три бода во битката за четвртото место во Премиер-лигата откако „спарси“ по голема битка триумфираа на гостувањето против Кристал палас со 0-1.

Улогата на херој му припадна на Хари Кејн, кој се најде на вистинското место по корнерот на Ериксен во 87. минута и со прецизен удар со глава го матираше голманот Хенеси. Со тоа, голгетерот се извади за својот слаб настап до тој момент од лондонското дерби, откако Кејн промаши два чисти зицери, по еден во двете полувремиња.

Тотенхем со оваа победа го скокна Челси на четвртото место и има два бода повеќе од лондонскиот ривал, со тоа што тимот на Антонио Конте денеска го игра својот меч од ова коло, на гостински терен против Манчестер јунајтед.

Се вчитува...