Баерн Минхен синоќа со 9-2 му го нанесе на Динамо Загреб најтешкиот пораз во историјата на клубот. „Баварците“ станаа првиот тим кој дал девет гол на една екипа во Лигата на шампионите.
Немилосрден беше Хари Кејн кој постигна четири гола, два постигна Олисе, по еден Гереро, Сане и Горецка. Англичанецот кажа дека да можеле, ќе постигнеле уште голови. За потсетување дека ВАР им поништи три гола на Баерн, инаку катастрофата на Динамо ќе беше уште поголема.
„Сакавме да оставиме трага. Од почеток до крај доминиравме. Интензивно тргнавме и го казнивме Динамо. Засиливме после 3-2, и го однесовме мечот во свој правец. Тренерот ни рече да бидеме немилострдни, и така направивме. Кога постигнавме девет, сакавме уште, да дадеме 10, 11 голови. Тоа е нашиот менталитет“, рече Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА