Кејн се посрамоти па ја запечати судбината на Брајтон (ВИДЕО)

Тотенхем славеше со 0-2 на гостувањето кај Брајтон и Хов Албион во заостанатиот натпревар од 16. коло во англиската Премиер-лига. Хари Кејн се посрамоти на почетокот на мечот откако не успеа да реализира на празен гол и го имаше промашувањето на годината во Англија.

Сепак, до крајот на првиот дел гостите дојдоа до водство со погодокот на Ромеро во 37. минута. Конечните 0-2 ги постави Хари Кејн кој се искупи за промашувањето од првиот дел откако стрелаше во 57. минута.  Ова за Англичанецот беше 178 гол во Премиер-лигата со кој го мина на петото место на вечната листа Тјери Анри.

 

 

 

 

 

Се вчитува...