Кејн се предомисли и веќе не размислува за заминување: Со Конте овој тим има амбиција и одлична иднина

Хари Кејн го обележа минатиот летен преоден рок кога јасно најави дека сака да ја промени средината и да заигра во поамбициозен клуб. Сепак, Тотенхем не го продаде затоа што не успеа да договори клуб кој ќе им плати над 150 милиони фунти за услугите на напаѓачот кој оваа година е нешто „потивок“ пред противничките голмани.

По пристигнувањето на Антонио Конте во Северен Лондон, Кејн повторно почна да постигнува погодоци, а сега го испофали италијанскиот стратег меѓу редови најавувајќи дека нема да бара заминување од клубот и следното лето.

„Конте е брилијантен, не можам да опишам каков е како тренер и како личност. Тој ги промени размислувањата на многу играчи во тимот, вклучително и на мене. Овој тим има амбиција и одлична иднина“, истакна Кејн.

Англискиот репрезентативец беше дел од тимот кој го совлада Брајтон со 3-1 во рамките од четвртото коло од ФА Купот постигнувајќи два погодока.

Се вчитува...