Кејн си оди од Тотенхем: Англичанецот се сели во „ветениот“ град!?

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, престојното лето би можел да си замине од Лондон и да се пресели во Манчестер. Сепак, за разлика од минатата година, кога беше блиску до преселба во Сити, сега лесно би можел да заврши во Јунајтед.

Според британски „Телеграф“, на Спарс не им оди добро под водство на Конте, а и трофеите се далеку. Изворот наведува дека Кејн би можел да го напушти Тотенхем од сосема друга причина. А тоа е Маурисио Покетино.

Аргентинецот, сосема извесно, ќе го напушти Париз на лето, а како следна дестинација се споменува Манчестер Јунајтед кој е во потрага по перманентно решение за менаџерската позиција. Со оглед на тоа дека Кавани ќе си оди на лето, а и понатаму е непознато што ќе биде со Роналдо, на Јунајтед без дилеми ќе му биде неопходен напаѓач.

„Телеграф“ јавува дека Покетино од управата на Јунајтед побарал да го доведат Кејн кој играше фантастично под водство на некогашниот тренер на Саутемптон и Еспањол.

Сити летоска нудеше 100 милиони фунти за капитенот на Англија, а сега, кога формата не му е на задоволувачкото ниво, Јунајтед би можел да го добие по нешто пониска цена, освен доколку Кејн не се одлучи за поинаков пат.

Се вчитува...