Баерн Минхен многу потешко од очекувањата ја мина првата рунда од Купот на Германија откако баварскиот гигант во самиот финиш успеа да слави на гостувањето против Вехен со 2-3.
Тренерот Компани не тактизираше премногу со составот, па стартуваше со ултраофанзивен тим рпедводен од Олис, Дијаз и Хари Кејн. Ваквиот пристап даде резултат, па преку Кејн и Олис фаворитот поведе со 0-2, но никој не очекуваше Вехен за помалку од пет минути да постигне два гола во второто полувреме и да израмни на 2-2.
Кејн промаши пенал, но англискиот напаѓач од трагичар се претвори во херој во 94. минута, кога одлично се снајде и со глава го постигна победничкиот гол на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

