Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн призна дека се чувствува добро во својот сегашен клуб и веќе се прилагодил на тамошната средина и покрај првичните тешкотии што ги имал.
Тој кажа дека го учи германскиот јазик, кој според него, е многу тежок.
„Навистина се чувствувам добро во Баерн. Го учам јазикот и имам две лекции неделно. Клубот ми обезбеди добар учител. Германскиот јазик ми е доста тежок, но да се надеваме дека ќе останам тука долго време и конечно да можам да го зборувам тоа, изјави Кејн.
Сепак, Кејн не ја исклучи можноста еден ден да се врати во Англија.
„Можеби еден ден. Ќе биде тоа тешка одлука. Поминав 19 години во Тотенхем, и сите знаат дека тој клуб ми е при срце. Но, во исто време јас сум професионалец, и си поставив големи цели, да играм во Лигата на шамнпионите, да освојувам титули, и затоа одлучив да му се приклучам на Баерн“, вели Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА