Хари Кејн изминатото лето го направи долгоочекуваниот трансфер надвор од редовите на Тотенхем, а заврши во Баерн Минхен. Англискиот голгетер продолжи со фантастичната игра и во дресот на баварците, а и навикнувањето на новата, луксузна средина се чини дека оди полесно од очекуваното.
Кејн и неговото семејство се уште нема најдено дом во Минхен и живее во луксузниот хотел со пет ѕвезди „Vier Jahreszeiten Kempinski“ во центарот на градот.
Хотелот отворен во 1958 година е оддалечен само 15-20 минути од арената на Баерн Минхен, а од услугите нуди и: батлер, луксузни чоколади и парфеми како и пробни вожњи со БМВ. Неговиот апартман се наоѓа во историски дел од хотелот каде има посебна дневна соба, две купатила, шест телевизори… Англичанецот задоволството досега платил една милион евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА