Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн застана во одбрана на новоименуваниот селектор на Англија, Томас Тухел кој „на нож“ беше дочекан од англиската јавност и од истакнати фудбалски лица од Островот.
Голем дел од јавноста истакна дека именувањето на Тухел на селекторската функција е грешка, но Кејн искажа само позитивни зборови за Германецот за кого вели дека е „голем и квалитетен стратег“.
„Тухел е навистина одличен и квалитетен тренер. Соработувавме во Баерн Минхен и се радувам што повторно ќе работиме заедно. Тој е феноменална личност, секогаш е ведар и позитивен, но во исто време строг и максимално посветен на фудбалот. Мора да му дадеме шанса да се претстави во добро светло“ – вели Кејн.
Томас Тухел првпат во кариерата ќе работи како селектор на национален тим. Претходно во кариерата ги предводеше Мајнц, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Челси и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА