Фудбалската репрезентација на Англија ја оствари втората победа на Мундијалот, совладувајќи ја Панама со убедливи 6-1. Селекцијата на гордиот Албион е веќе во осминафиналето, а во третото коло ќе се бори и за првото место ов групата Х, во директниот дуел со Белгија. Капитенот Хари Кејн беше стрелец на хет – трик, влезе во историјата на англискиот репрезентативен фудбал, заедно со Џеф Хрст и Гери Линекер, а вели дека тој и соиграчите веруваат во успех на ова Светско првенство.
„За да успееш, мора да веруваш во успехот. Оваа наша генерација можеби не е најквалитетна во историјата на англискиот фудбал, но имаме неверојатно голема самодоверба и сакаме да направиме многу на овој Мундијал. Засега се оди според планот. Среќен сум што остваривме убедлив триумф, горд сум што постигнав хет – трик, но најважно е да продолжиме во ист стил и на наредните мечеви“, изјави капитенот на Англија по триумфот над Панама.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА