Хари Кејн го освои првиот трофеј во својата кариера и тоа во Бундеслигата со Баерн Минхен по доминантната сезона на баварците кои се вратија на тронот на германскиот фудбал.
На вчерашниот натпревар против Борусија Монхенгладбах на фудбалерите официјално им беше и врачен трофејот по што Англичанецот не го криеше задоволството.
„Чувството е неверојатно да бидам искрен. Очигледно долго време го чекав овој момент. Работевме напорно во текот на сезоната. Многу сум горд, горд на момците, на моето семејство кое е тука. Фантастично се чувствувам и едвај чекам да уживам во успехот следните недели“, изјави Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

