Кејни сруши три рекорди во Премиер-лигата

Иако Тотнхем загуби од Арсенал (3-1), овој меч долго ќе го паметти Хари Кејн, кој воедно денеска беше и единствениот стрелец на „петлите“.

Кејн со воој гол го надмина легендарниот Тиери Анри и го даде својот 44-ти гол во лондонските дербија, а погодокот од белата точка му беше негов јубилеен стоти погодок на гостувањата.

Третиот рекорд на Кејн е седмиот погодок од пенал против Арсенал со што стана првиот фудбалер кој дал толку голови против еден англиски премиерлигаш.

Се вчитува...