ЕКИПА во Љубљана,
Никола Ѓуровски
Словенија пет меча во низа ремизира (1-1), а во серијата го вклучи и вечерашниот меч против Македонија. Селекторот Матјаж Кек смета дека неговата селекција не одиграла на потребното ниво за да го добие мечот, сложувајќи се дека нерешниот резултат е најреален.
„Ремито е најреален епилог. Посакувавме победа, но не одигравме толку квалитетно за да го грабнеме триумфот. Имавме добри шанси, но не ги реализиравме. Но, имаа и Македонците. Мислам дека во поле бевме поквалитетни, но во нападот тоа не го ефектуиравме. После две ремија на стартот од квалификациите, не можеме да бидеме задоволни со бодовниот исход“, изјави Матјаж Кек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

