Словенците одбројуваат до мечот на својата генерација, осминафиналето против Португалија на ЕВРО 2024 кое се игра на 1. јули од 21 часот во Франкфурт.
Селекторот Матјаж Кек е опуштен пред дуелот нагласувајќи дека не смее да се прави циркус од нивниот пласман во осминафиналето, но да се верува дека се може уште подобро…
„Сега сме на едно повисоко ниво, и сите веќе не сфаќаат посериозно. Има уште малку Балкан во нас. Иако за многумина сме егзотични, сакам посилни противници затоа што против нив имаме што да покажеме. Видовте против Англичанте, колку мораа да се мачат за да дојдат до нашиот гол“ – вели Кек.
Словенечкиот селектор открива дека пред првенството се обложил со домашните новинари.
„Се кладев со нашите новинари. Ако ја минеме групната фаза им реков дека сите ќе ги носам на ручек, и тоа и го направив. Драго ми е што ја загубив кладбата, но нема да се кладам во иднина на репрезентацијата“ – низ смеа коментира Кек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА