Кек: Верувајте… Сите што се со вас во група на ЕВРО 2020 воопшто немале среќа

Селекторот на Словенија, Матјаж Кек не штедеше зборови пофалби за македонската репрезентација по пријателскиот натпревар во Скопје, кој неговата селекција не го загуби само поради нејасното продолжување на натпреварот од цели осум минути.

Кек, признава дека во второто полувреме одиграле лошо и само поради среќата го избегнале поразот.

„Од наша страна две различни полувремиња. Првото полувреме сум задоволен како го одигравме, мислам дека и доминиравме на теренот, но второто не. И посакувам среќа на Македонија на Европското првенство. Македонија е екипа која долго време ја подготвуваше оваа репрезентација. Нема да бидете само туристи на ЕВРО 2020. Неверојатно добро екипа. Долго време ве следам бидејќи игравме и во квалификациите заедно и ова што сега ќе го кажам воопшто не е куртоазија. Верувајте, сите што се со вас во групата на европското првенство не се најсреќни што ве имаат за противници“ – истакна Кек на прес-конференцијата по денешната средба.

Се вчитува...