Келн го прегази Фрајбург за „два од два“ на стартот на сезоната

Келн ја започна новата сезона во Бундеслигата со перфектен старт откако славеше и во второто коло забележувајќи убедлив триумф од 4-1 над Фрајбург.

Голеадата ја започна Камински со гол во 35. минута, а ја продолжија Батлер кој ја тресеше мрежата во 47. минута, Тилман во 56. минута и Ел Мала во 81. минута од средбата. Во 84. минута Егстајн го ублажи поразот на гостите.

 

Се вчитува...