Фудбалерите на Келн го декласираа Кајзерслаутерн со 4-0 и со тоа ја освоија титулата во втората германска лига, па заедно со Хамбургер кој минатиот викенд обезбеди враќање во елитата, во следната сезона ќе играат во Бундеслигата.
Јарците до денеска немаа осигурано пласман во Бундеслигата, а убедливата победа, заедно со поразот на Хамбургер, им донесе и прво место во Цвајти.
Трети е Елверсберг кој ќе игра бараж за место во Бундеслигата против Хајденхајм кој беше 16. во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

