Повратникот во Бундеслигата, екипата на Келн имаше успешен „кам-бек“ во елитното друштво, откако во првото коло дојде до првата победа во сезоната, совладувајќи го тимот на Мајнц и тоа на негов терен со 0-1.
Во голема мера на патот до победата им помогна моментот во 60. минута кога Мајнц остана со играч помалку по директниот црвен картон на Небел.
Сето тоа го искористи тимот на Келн, откако Билтер во 90. минута успеа да постигне гол, со кој гостите дојдоа до трите бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

